Вера Ивковиќ на денешен ден доживеала мозочен удар и ја изгубила ќерката

Пејачката на народна музика Вера Ивковиќ починала на денешен ден во 2012 година, оставајќи зад себе богат музички опус.

Таа починала во домот за стари лица во Рим на 63 годишна возраст од живото. Тие кои ја познавале велат дека не можела да го преболи губитокот на нејзината ќерка Маја, која од починала од неизлечлива болест на 27 годишна возраст. Смртта на сопругот била само капка во преполната чаша. Набрзо потоа и самата се разболела. Вера во 2006 година, доживеала мозочен удар а во 2007 била сместена во геронтолошкиот центар „Срем“ во Рим.

„За моето семејство ова е тежок период. Маја боледувала од лупсус. За неа не бев толку врзан, затоа што поради болеста не ја гледав премногу често. Повеќе бев врзан со баба и дедо, по кој го добив и името. Тој прв почина, а потоа и Маја. Нејзината смрт ни падна тешко на сите, но на баба и беше најтешко. Поради тоа се разболе, а по неколку години и таа почина. Имаше два удара, па подоцна ја сместивме во Центарот за стари лица во Рим“, изјавил претходно за „Stars“ Данило Живковиќ, внук на Вера Ивковиќ, кој трнал по нејзините стапки и учествувал во една од сезоните на „Пинкови ѕвезди“.

Владо Живковиќ во 2008 година за „Пулс“ изјавил дека неговата мајка многу го измачила.

 

„Тешко се бореше со болеста на мојата сестра Маја. Тоа ја чинеше здравјето. Маја рано заболе, на 15 годишна возраст, болеста беше неизлечива и умре на 27 годишна возраст. Мама и тато направија се за да и помогнат. Помош бараа од секаде. За жал и немаше спас. Нејзината смрт беше крах за нашата мајка, а набрзо потоа умре и нашиот татко“, изјави синот на Вера, кој за мајка му најмногу се грижел кога таа заболела.

Во Центарот за стари лица ја прифатиле како член на семејството. Нејзината пријателка и колешка Анџелика Говедаревиќ раскажала за Пулс пред четири години дека Вера секогаш сакала да се смее, но дека не можела да го поднесе фактот дека нејзината ќерка повеќе ја нема.

„Таа и претходно ја имала таа прекрасна насмевка. Постојано се засмејувавме една со друга. Еднаш и пред Тито среде песна се насмеавме. И сега се обидувам од неа да ја извлечам насмевката. За кратко успевам, но тогша повторно ќе се повлече во себе, ќе и почнат да и течат солзи и само ја повикува Маја“, изјавила Анџелика.

 

Scroll to Top