Верица и Рајко ја вадат од такт Марија Шерифовиќ

Пејачката Марија Шерифовиќ во изјавата што ја даде за јавноста открила детали за семејните односи со татко ѝ Рајко и мајка ѝ Верица.

Пејачката го коментирала и односот меѓу нејзините родители.

Шерифовиќ открила дека по разводот, и двајцата имале големи несогласувања, но дека тоа било минато.

Кој најмногу те полудува?

„Најблиските. Татко ми и мајка ми. Тие знаат најдобро да ме извадат од такт“.

А не сметаш дека тоа го прават затоа што се грижат за тебе, да видат дали си јадела, како си го поминала денот?

„Добро, има и такви моменти, но многупати знаат да ме извадат од такт“.

А дали сега твоите родители се во добри односи?

„Тие живеат мирен здрав живот во Крагуевац. Се сакаат и сѐ е во ред. Уште да се венчаат повторно“.

 

 

Scroll to Top