Пејачката Весна Змијанац во едно скорешно интервју открила дека жали само за неколку работи во кариерата. Таа неколкупати одбила песни што потоа станале големи хитови.
„Некои од песните што не ги снимив се ‘Иди док си млад’, ‘Београд’ и ‘Заборави’ што станаа хитови на Цеца. Тие песни беа правени за мене. За мене е напишана и ‘Срце је моје виолина’. Требаше да се најде на мојот албум, ама ја исфрливме кога ја добив ‘Јорговани’. Никој не сакаше да ја снимам ‘Јорговани’. Дури и Корнелије Ковач едвај го направи аранжманот. Ама мене ми се допадна и решив да оди. Во тоа време се снимаа плочи, па не можеа да се стават 13 песни. Затоа на Лепа Лукиќ ѝ ја дадов ‘Срце је моје виолина’, која потоа стана вистински хит“, рекла Весна во интервјуто.
Змијанац додала дека, сепак, има многу песни што се хитови и по 40 години и дека секогаш го правела вистинскиот избор во кариерата.