Високиот суд во Белград денес донесе пресуда со која Зоран Марјановиќ е прогласен за убиство на сопругата и пејачка Јелена Марјановиќ.
Осуден е на 40 години затвор и веднаш ќе биде спроведен во Централниот затвор, пренесоа српските медиуми. За потсетување, Јелена е убиена на 2 април 2016 година, во насип во Борча. Зоран на 2 април пријавил дека е исчезната.
Зоран тогаш објасни дека со ќерка му се шетале по насипот покрај Дунав во Борча, додека таа трчала пред нив. Рече дека затоа што патеката била долга неколку километри, Јелена се оддалечила од нив и брзо им избегала.