(Видео) „Адвокатот ме натера да кажам дека сум виновна“ – Романа тврди дека не ограбувала банкомати

Српската пејачка Романа Паниќ, која помина еден месец во затвор во Австралија поради грабеж на банкомати, па беше депортирана во Србија, вели дека не е крадец и дека адвокатот ја натерал да го признае делото за побрзо да ја ослободат и да се врати дома. Таа на прес-конференција вчера пред српските новинари ја раскажа својата страна од приказната. „Никој не може да ме нарече криминалец, затоа што не сум“, рече таа и додаде дека нејзиниот партнер, Филип Мркајиќ, со кого наводно ги ограбувала банкоматите, пробал да ја заштити, но двајцата биле уапсени и им се судело за грабеж.

„Додека чекав да ми се продолжи визата, се појави короната, се затворија границите и јас останав во Австралија. Еден ден во хотелската соба влегоа двајца детективи и двајца полицајци и рекоа дека ќе прават претрес. Доживеав шок, почнав да се тресам. Во собата беа пронајдени докази за тоа кривично дело, а меѓудругото тука имаше еден компјутер и картички. Јас реков дека немам ништо со тоа, а мојот партнер се обиде да ме заштити и трврдеше дека јас немам врска со тоа и дека се занимавам со друга работа. Но, на 3 април бев приведена на информативен разговор во полициската станица во Бизбејн. По еден час, полицијата ми го врати пасошот бидејќи немаше докази дека сум направила кривично дело, ми рекоа дека сум слободна, но дека следниот ден морам да се појавам на суд. Кога дојдов пред судот, ми се приближија детективите, го држеа мојот телефон во рака и ми рекоа: ‘Сепак си уапсена’. Кога ги прашав зошто, ми кажаа дека во мојот телефон има преписка, односно фотографија од еден апарат кој потполно легално може да се купи на еден сајт. Кога официјално ме уапсија, по еден час ме пуштија со документ дека имам закажано судење на 1 јули. Тогаш ми беше одземен пасошот“, рекла пејачката.

Таа вели дека законите во Австралија се поинакви и ако го признаете делото, добивате условна казна. По советите на адвокатот таа одлучила да признае дека е виновна, а сликата во телефонот поради која ја уапсиле, всушност била слика од апарат што го нарачала нејзина пријателка.

„Апаратот не служи за снимање кодови, но изгледа како читач за картички. Јас знаев за што се работи и не учествував во делото, но според законите јас сум соучесник. Првата недела бев во притвор, каде што ме набљудуваа цело време, а потоа ме одведоа во затвор. Откако ме ослободија, се вратив дома. И не бев депортирана од Австралија туку сама дојдов во Белград без придружба. Сега не можам, но за 3 години повторно ќе аплицирам за виза“, рекла таа на пре-конференцијата.

Scroll to Top