Александра Пријовиќ синоќа пееше во салата Борик во Бања Лука и ги разнежи сите со емотивна сцена.
Во моментот кога го отпеа дуетот „Лудница“ кој оригинално го изведува со Дејан Костиќ, забележа девојка од публиката која беше на работ на солзи.
@aleksandraprljovic Suze u Banjaluci 🥹❤️ #aleksandraprijovic #fypシ #fyp #viral #odistokadozapada #bosna #banjaluka ♬ original sound – Aleksandra Prijovic
Александра Пријовиќ најпрво и се обрати:
„Ве молам, не плачете, бидејќи ако плачете вие, тогаш и јас ќе почнам да плачам“.
Но девојката цело време плачеше, поради што ниту самата Пријовиќ не можеше да се контролира, па можеше да се забележи како ги брише солзите во неколку наврати.
Откако ја заврши песната, таа и се обрати на девојката:
„Не знам зошто толку многу плачеш, но те молам немој повеќе. Гледаш дека не можев да се воздржам. Те молам, не плачи повеќе… те бакнувам. Што и да е, ќе помине“, додаде таа.