Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот колега Саша Матиќ снимија дует „Кој си ти“ за кој е направен и високобуџетски спот. Пријовиќ во спотот е во улога на заводничка.
Пријовиќ, која деновиве се подготвува за својата свадба која ќе биде на 21 јуни, не ги занемери ниту деловните обврски.
Пред одредено време Саша Матиќ ѝ ветил на публиката дека ако се појави добра песна, ќе сними дует со Александра. Спотот е снимен за кратко време, а Александра ги прифатила сите задачи на режисерот за крајниот продукт да излезе колку е можно подобро. Иако на големо се подготвува за својата венчавка, таа се потрудила да не го запостави ниту својот приватен живот, но ниту кариерата“, вели извор близок до пејачката.
Видете ја најавата на новиот спот: