(Видео) Алка Вуица по 16 години се врати на музиката: Оваа песна ќе биде женска химна

Хрватската пејачка Алка Вуица по 16 години пауза се врати на музиката. Таа ја промовира песната Luđakinja, со која го најави новиот албум. На новите песни Вујица соработува со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот „Фрајле“, која замина од групата за да ѝ се посвети на авторската работа. Марија ја напиша музиката, а Алка текстот на новата песна. Видеото го режираше Жељко Јурешиќ.

„Оваа песна е вистинска женска химна. Тоа е песна која ќе остане долго да се слуша. Со Марија како композитор сум соработувала и порано, но ова е нешто сосема поинакво од она што сме го правеле. Мило ми е што токму оваа тема е мојот прв сингл“, рекла Вујица.

 

Scroll to Top