(Видео) Ана Николиќ објави ново видео во кое плаче и моли за помош, рече дека не ѝ е добро и дека ја уценувале

По јавната преписка со бившиот менаџер Саша Мирковиќ, Ана Николиќ објави ново видео во кое плачи и моли за помош. Рече дека не ѝ е добро и дека ја уценувале. Пејачката зборува со непозната личност на која ѝ вели да ја однесе кај жена која е видовита за да ѝ помогне.

„Нели се договоривме да ме однесеш кај таа жена. Навистина не ми е добро и навистина те молам, не мора да одиш со мене, јави се на таа жена и те молам закажи ми да одам. Ќе одам верувај уште вечерва, бидејќи не сум добра. Не знам што ми е веќе една година. Таа жена е видовита. Па нека види што е. Нека ми каже дали нешто намерно правам. Човече гледаш дека почнувам да побудалувам. Како изгубен случај сум, барам работи низ дома, не знам каде ми е животот? Сменив 300 чистачки и ми дојдоа секакви будали. Нема да ти кажам што ми направи последната бебиситерка. Ме уценуваше. Ми го направи животот хаос. Повеќе не пуштам никого дома. Сè правам сама. Како Пепелашка сум. “, се слуша Ана на видеото.

За потсетување, Николиќ се најде среде скандал кога бившиот менаџер, пејач и поранешен учесник во реалното шоу Дарио Шогоровиќ го обвини дека ја вознемирувал, а потоа рече дека имала само 100 динари на сметката, додека на лицето ѝ се гледаат лузни и рани.

Мирковиќ се огласи по објавувањето на ова видео, велејќи дека на Ана ѝ треба итно лекување и дека наводно покрај алкохол конзумирала и дрога. Ана тоа го демантираше, а сега објави ново видео на кое ѝ се гледаат раните на целото лицето, на носот, брадата и образите. Пејачката рече и дека нема намера да се предаде.

Scroll to Top