(Видео) Анастасија се сели со дечкото во нов стан: луксуз од 200 квадрати за ќерката на фолк-ѕвездата

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ со својот дечко Ѓорѓе Кулиќ ќе се всели во луксузен стан во новоизградениот стамбен комплекс во Белград.

Екипата на „Папарацо лов“ ја улови Анастасија на Дорчол во спортско издание пристигна на градилиштето, каде проверуваше како оди работата во станот, со која би требало да се при крај.

Станот на Анастасија и Ѓорѓе се простира на околу 200 метри квадратни. „Купија два стана од по 100 квадрати, кои се наоѓаат еден над друг и направија дуплекс. Имаат пет соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Ентериерот го одбраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат“ – кажа извор неодамна за медиумите.

 

Scroll to Top