(Видео) Ацо Пејовиќ го собра цело Скопје, а за гратис билет се правеа и склекови среде „Ист Гејт”

By

Вечерва околу два часа фановите го чекаа пејачот Ацо Пејовиќ во Ист Гејт за да можат да се дружат, забавуваат и да ги слушнат неговите песни.

dobivaj vesti na viber

Додека го чекаа за да го најави концертот, водителот Миро Кацаров ги забавуваше. Тој ги тераше сите и помладите и постарите да испеат некои од неговите песни, а некои ги предизвика да прават и склеклови за да добијат билет.

„Извинете што доцнам, имаше гужва на граница. Јас би сакал да нема граници, во целиот свет да се патува без граници. Но, мило ми е што сум тука. Вие сте одлична публика. Секогаш кога ќе дојдам тука се чувствувам добредојден. Таква ви е македонската душа. Тука има многу убава музика, храна и особено жените“, рече Пејовиќ на почетокот.

„На концертот ќе има изненадувања, ќе дојдат мои колеги како гости кои сигурно ќе им се допаднат на оние кои ќе дојдат, но нема да ги откривам сега кои се. Многу му се радувам на овој концерт и со радост ќе пеам за сите вас“, рече тој.

Тој го најави својот голем солистички концерт кој ќе се одржи на 26 март во салата „Борис Трајковски“. И покрај тоа што доцнеше околу два часа, голем број фанови не зажалија што останаа и го дочекаа, а потоа и се забавуваат со неговите песни.

Со публиката ја испеа „Полноќ” најпопуларната песна од фимот „Тома“, а потоа и „Да си тука”. Пејовиќ ќе има концерт во Скопје, на кој ќе ги испее хитовите на Тома Здравковиќ.

Љ.Владимиров

Ќе ви се допадне