(Видео) Бајага се всели во станот на новата девојка

Музичарот Момчило Бајагиќ-Бајага кој пред две години се разведе од сопругата Емилија сега е виден како се вселува во станот на неговата нова девојка во Земун. Музичарот по разводот со Емилија со која беше во брак 33 години, го продаде станот во Сењак каде претходно живееа.

За потсетување, Бајага недолго по разводот и самиот објави дека повеќе не е со Емилија.

„Не сум приврзаник на јавното мислење затоа што низ жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот. Но, еве и јавно да објавам нешто што веројатно веќе знаете. Официјално сум разведен“, рече Бајага.

Scroll to Top