(Видео) Балерини и трубачи на свадбата на Вељко и Богдана, тортата се сечеше со сабја

На свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана што се одржа вчера во хотелот „Хајат“ во Белград, изненадување за гостите беа балерините кои го одиграа познатиот танц од претставата „Лебедово езеро“. Веднаш по нив во салата влегоа трубачи облечени во српска народна носија, па почна забава со блех музика.

Потоа младенците со сабја ја пресекоа тортата тешка 70 килограми. На свадбата на синот на Цеца имаше повеќе од 500 гости. Веселбата почна околу пладне во местото Тител кога Цеца со семејството и многу пријатели отидоа по невестата, а потоа Вељко и Богдана се венчаа во храмот „Свети Сава“ во Белград.

Три венчаници за Богдана

Невестата во текот на вечерта смени три венчаници. Таа најпрво го носеше фустанот што Цеца го носеше пред 24 години на свадбата со Аркан. Потоа облече широк фустан со длабоко деколте и вел на главата. Пред крајот на вечерта се преоблече во трет фустан, што ја следи линијата на телото, со циркони и бисери.

(Галерија) Вељко ја зема невестата, сватовите со пиштол пукаа во дневната

 

Scroll to Top