(Видео) Беквалац правеше склекови во мини фустан во емисија

Пејачката Наташа Беквалац за време на гостувањето во „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ  место да одговори на прашањата реши да ги направи сите предизвици кои водителот ѝ ги постави.

Пејачката во мини фустан, откако претходно изеде мешавина на слатка и солена храна, почна да прави склекови во високи потпетици.

Беквалац на тој начин избегна да зборува за сексот и интимните работи од својот живот и да ги расположи сите во публиката.

Пејачката се појави во јавноста во најдобро издание досега и беше видно расположена по подолгата пауза од јавната сцена. Меѓу купот прашања што ѝ ги постави Огњен беше и дали таа сака да биде снимен филм за нејзиниот живот, нешто на што таа одговори потврдно.

Scroll to Top