„Бесконечен син круг и Џеј во него“ – со овие зборови актерот Сергеј Трифуновиќ се прости од Џеј Рамадановски. Труфиновиќ, лидер на движењето на слободните граѓани, на „Твитер“ објави видео во кое го отпеа познатиот хит на Џеј – „Сонце на љубовта“.
„За братот Џеј, каде и да е сега“, вели Сергеј на почетокот на песната.
❤️⚡️🔥😎✊💥
Beskrajni plavi krug i u njemu Džej. pic.twitter.com/LehZNi69ru— Sergej Trifunović (@WhistlerDick) December 7, 2020
Познатиот пејач на народна музика почина вчера во својот дом во Белград по ненадејни проблеми со срцето.
Ќе биде погребан во Алејата на великите на новите гробишта во Белград, што го потврдила и ќерката Марија за српските медиуми.