(Видео) Бившиот ја нападна и исфрли од автомобил сопругата на фолк пејачот Слоба Радановиќ

Сопругата на српскиот фолк пејач Слоба Радановиќ, Јелена, била нападната и исфрлена од автомобилот на нејзиниот бивш партнер. Ја нападнал пред нејзината куќа, кога дошол да ги земе децата.

Јелена влегла во автомобилот на задното седиште за да го врзе каишот на синот. Бившиот ја фатил за рака и насилно ја исфрлил на улица. Јелена се здоби со повреди, а по нападот со сестра ѝ отишла во Ургентниот центар, каде поминала три часа.

Слоба во тоа време не бил дома и имал настап во Словенија, а на „Инстаграм“ напиша дека некои луѓе наеднаш добиваат храброст кога него го нема дома.

„Кога мачките ги нема, глувците играат оро“, напиша тој.

Scroll to Top