(Видео) „Чорлука зете“ ечеше на Рабац, хрватскиот фудбалер дојде на Истра

Хрватскиот фудбалер Ведран Чорлука вчеравечер дојде на Рабац, познато туристичко место на Истра, во близина на Пула. Со факели и музика, Чорлука со брод пристигна на малиот плоштад каде што беше организиран негов пречек. Од Рабац е неговата девојка Франка Бателчиќ, со која ќе се жени годинава. Затоа и дојде вчера тука, каде што стотици љубители на фудбалот, туристи, мештаните и деца го пречекаа возбудени, откако во понеделникот помина спектакуларниот дочек во Загреб.

Вистинско уживање, еуфорија, се пееја навивачки песни, додека Чорлука им фрлаше топки со негов потпис на насобраните фанови, им се потпишуваше на дресовите. „Рабачки зете, рабачки зете“, ечеше низ туристичкото место. Чорлука качен на бина се заблагодари за дочекот, се фотографираше со децата и за ќеф се возеше со возот кој е туристичка атракција на Рабац.

Доаѓањето на Рабац е заради неговата девојка, пејачката Франка, која е од тука и ова е трет дочек за хрватскиот фудбалер, по оној во Загреб на плоштадот Бан Јелачиќ, а потоа и во неговото загрепско маало каде што беше дочекан како херој. Франка и Ведран се подолго време во врска. Таа ја претставуваше Хрватска на Евросонг, а со Чорлука за годинава најавија и свадба.

Александра Георгиев

Scroll to Top