(Видео) Дајте ни работни визи да си одиме од БиХ: „Дубиоза колектив“ настапи во Советот на Европа

Еден од најпознатите босански бендови „Дубиоза колектив“ настапи во Советот на Европа во Стразбур. Во рамките на Светскиот форум за демократија тие свиреа некои од нивните најголеми хитови и ја разиграа салата во која беа учесниците на форумот, активисти и европски бирократи. Тие се понудија да им свират на европратениците во паузите на седниците.

„Имаме доста добри песни, ќе ви помогнеме да се опуштите“, рекоа тие.

Музичарите истовремено укажаа на реалноста во Босна и Херцеговина дека голем број луѓе ја напуштаат земјата.

„20 отсто луѓе ја напуштија нашата земја во изминатите години. Можеме да направиме нешто по тоа прашање, вие можете да ни помогнете. Можете да ни помогнете да добиеме работни визи за и ние седумтемина да си заминеме. Ако тука има некој премиер што може да ни помогне, ќе му оставиме наш контакт“, рекоа членовите на групата.

Scroll to Top