(Видео) Даниел го обвини Жељко Јоксимовиќ дека му украл песна и си ја потпишал како своја

By

Хрватскиот пејач Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната „Џули“, тврди дека Жељко Јоксимовиќ украл неговата песна и ја потпишал како своја. Тој вели дека песната на Жељко „Девојка“ е плагијат на песната „Шта сам ти среќо крив“, што Даниел ја снимил уште во 1989 година.

dobivaj vesti na viber

„Да се ​​разбереме, не бев доволно присутен во медиумите, затоа и дојдов во ситуации колегите да ми ги ‘позајмуваат’ песните, а да не ме потпишуваат како автор. На пример, мојата песна од 1989 година послужи како инспирација за колегата Жељко Јоксимовиќ. За мене е чест, но би сакал да ме потпишал како коавтор. Под таа песна како автор на музиката се потпишува Жељко Јоксимовиќ и кога ќе ја слушнам си помислувам: ‘Чекај малку брат, тоа е мојата песна’,“ рекол Даниел за хрватските медиуми.

Во интервјуто тој вели и дека Жељко не бил единствениот кој му крадел хитови, но не кажа други имиња.

Ќе ви се допадне