(Видео) Дарко Лазиќ пак е ѕвезда на корона-журките и баш му е гајле за мерките

Пејачот Дарко Лазиќ се пофали дека за разлика од своите колеги, тој во период на пандемија е активен и дека слободно пее на голем број корона-журки.

И покрај забраната за собирање и организирање журки поради коронавирусот, тој се појави на роденденот на еден негов пријател. Не беше поканет како пејач, туку како обичен гостин. Но, и покрај тоа, Лазиќ беше главен на забавата.

Медиумите пишуваат дека тој дошол сам, без својата свршеница Марина Гагиќ. Пејачот веќе неколкупати бил виден на приватни забави и покрај тоа што со закон е забрането поради пандемијата.

Лазиќ на средината на март ги прекрши мерките откога бил виден на една корона-журка во Белград, каде што имало 25 гости.

Scroll to Top