(Видео) Девет спални, осум бањи и кино сала: Луксуз во вилата на Ѓоковиќ во Марбела

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ  со семејството се пресели во вила во Марбела, Шпанија во декември во 2020 година. Тој прво ја изнајмил вилата во која ги поминал првите денови од пандемијата на коронавирус за околу 10.000 евра месечно, а потоа решил да ја купи. Платил околу 6 милиони 750 илјади, а на имотот од 3.500 метри квадратни има тениско игралиште, градина, базен, теретана и мала кино сала, пишуваат светските медиуми.

Луксузната куќа има и девет спални соби, осум бањи и тераса со прекрасен поглед на море.

Тенисерот се преселил во Марбела по 10 години живот во Монте Карло, а според  српските медиуми, тој сметал дека Марбела има многу поголем избор на образовни институции за неговите деца, а во близина живеат многу негови и роднини на Јелена. Ова не е единствената куќа што ја има Новак. Тенисерот поседува и станови на некои од најлуксузните локации во светот.

Тој поседува стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни. Покрај тоа, Ѓоковиќ поседува стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват.

 

Scroll to Top