(Видео) Дино Мерлин го посвети концертот на мајка си, во публиката и Ѓоковиќ со сопругата

Популарниот кантавтор Дино Мерлин ја крена публиката на нозе за време на вчерашниот концерт во Црна Гора. Имаше фанови целиот регион, а меѓу нив беа најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена кои помеѓу првите добија билети и НБА кошаркарот Никола Вучевиќ, кој игра за Чикаго Булс.

Ова е негов прв концерт во живо од почетокот на пандемијата, а билетите за синоќешниот двочасовен концерт насловен како „Една ноќ во Порто Монтенегро“ се продадоа за рекордно време.

„Мајка ми никогаш не беше среќна кога ја зедов гитарата. Се прашувам дали би била среќна вечерва. Но, еве и разгледница на мајка ми од Порто Монтенегро, наместо диплома за машинство”, рече Мерлин, чии три синглови од претстојниот албум имаат повеќе од 45 милиони прегледи на Јутуб.

https://youtu.be/eIKS63VytRQ

Гостинка на концертот беше словенечко-црногорската уметница Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, со која го изведе хитот „Доџи“.

„Човек може да биде само индивидуа во општеството, бидејќи ние никогаш не можеме да создадеме слика за себе. За да се чувствуваме комплетни, ни требаат други. Ни треба некој што ќе не доврши”, рече Дино Мерлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PMYC Pool in Tivat (@pmycpool)

Scroll to Top