Популарната пејачка Драгана Мирковиќ е многу задоволна и среќна што замокот Ебенфурт стар преку 850 години ќе го уреди по своја желба.
Замокот долго време бил реновиран, а популарната пејачка открила дека е воодушевена што во своја сопственост има такво нешто.
-„Кога ќе прошетам низ замокот и ќе го погледнам се воодушевувам. Воопшто не размислувам дека тоа е мој дворец и дека тука ќе живеам, туку помислувам дали е возможно вакво нешто убаво да постои и да е мое?“ – изјавила возбудено Драгана.