(Видео) Две години од убиството на Јелена Марјановиќ

By

На гробиштата во Борч обележана е втората годишнина од трагичната смрт на пејачката Јелена Марјановиќ, која беше убиена на 2 април 2016 година.

Нешто подоцна по десет часот, на гробиштата пристигнала и сестрата на убиената пејачка, Теодора Крсмановиќ и нејзината фамилија. Од семејството Марјановиќ на втората годишнина од убиството на Јелена не се појави никој.

Се собраа еден голем број на пријатели на покојната пејачка, но оваа година за разлика од минатата беа во значителна помала бројка.

Сестрата на Јелена, Теодора со крајни напори, успеа да проговори пред новинарите.

„Разберете ме, многу ми е тешко. Се потешко ми е да зборувам. Сите роднини и пријатели со сеобраа за да одбележат годишен помен, а фала ви и на вас што се сетивмте“, изјавила Теодора.

Собраните пријатели, на гробиштата минаа околу еден час, па околу 11 часот сите се разотишле. Од семејството Марјановиќ не се појави никој до крајот.

На гробот на убиената пејачка пристигнал да оддале почест и форензичарот Ненад Шипка. Неговото присуство предизвика внимание кај собраните пријатели на Јелена.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

 

Ќе ви се допадне