Црногорската пејачка Емина Јаховиќ беше во посета на Милано заедно со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал и нивните два сина Јаман и Јавуз.
Емина и Мустафа во Италија беа на гости кај братот на пејачката. Двојката не крие дека по разводот двајцата останале во добри односи. Емина неодамна изјави дека често се гледа со Мустафа поради нивните деца, но објасни дека пред со Мустафа се само добри пријатели.
Пејачката неодамна се пофали со луксузно уредениот дом пред новогодишните празници. Таа на социјалните мрежи откри дека подготвува празнична вечера, па објави неколку фотографии од трпеза и од деталите, а им се заблагодари и на девојките што ѝ го разубавиле домот.
„Мојата убава предновогодишна трпеза. Ги обожавам Фаберже-деталите“, напиша Емина на сликите.