(Видео) Емина Јаховиќ никогаш посензуална претстави нова песна, фановите во екстаза: „Оваа ти е најдобра“

Емина Јаховиќ ја претстави новата песна „Ѕидови“ која за само еден ден собра речиси 100.000 прегледи.

Текстот и музиката ги напиша самата пејачка, а аранжманите ги направија Иле Спасев и Алисан Гоксу.

Песната е придружена со сензуален спот, а ако се суди според коментарите, публиката е воодушевена од новата песна.

„Секогаш убави песни, но Емина оваа ти е најдобра“, „Колку созреа како текстописец, како композитор, како комплетен автор… Нејзината емоција е навистина нешто посебно, нешто што ретко се среќава“, „Убава песна, текст, емоцијата што ја пренесува додека ја изведува песната. Браво Емина“, „Воодушевена што ја одбра оваа естетика, а што се однесува до видеото, вака едноставно, а со помалку шминка. Повеќе е помалку. Најубави се природните жени во обични работи, сатенска ноќница и џемпер. Преубава“, се дел од реакциите.

Инаку, оваа пејачка неодамна го прослави својот 42 роденден, а на својот Инстаграм сподели фотографии по тој повод.

Scroll to Top