(Видео) Еуфорија во Загреб, дочек на фудбалерите кои го терале пилотот да лета ниско над градот за да ја видат атмосферата

Фудбалската репрезенатција на Хрватска која освои трето место во Катар, пристигна во Загреб, каде во на големо е дочекот на фудбалерите. Со огномети и хрватски знамиња граѓаните ги пречекаа уште на аеродромот, а при слетувањето авионот беше дочекан со воден поздрав.

За фудбалската репрезентација е организиран специјален панорамски автобус кој со полициска придружба се движи кон плоштадот во Загреб. Се уште е во исчекување пристигнувањето на репрезентацијата на плоштадот Бан Јелачиќ.

Авионот доцел со слетување, затоа што фудбалерите го терале пилотот да на прави неколку надлетувања над Загреб за да ја видат атмосферата од авионот, пренесе ХРТ.

Главната прослава се одржува на плоштадот Бан Јеличиќ, а навивачите се веќе на улиците, за да ги поздрават фудбалерите кој од затворен се префрлика во панорамски автобус.

Начинот на прослава е ист како пред четири кога Хрватите на Мундијалот во Русија играа финале и го освоија второто место.

Фото: 24.хр, ХРТ

 

 

Scroll to Top