Новосадската група „Фрајле“ ја промовираа песната „За панонскиот морнар“ која му ја посветија на пејачот и кантавтор Ѓорѓе Башашеви. Тие велат дека ова за нив е посебна песна во која вложиле многу љубов. Емотивната песна, испеана за еден од омилените југословенски музичари, кој почина пред неколку месеци, ги растажи фановите.
„Пораснавме со музиката на Балашевиќ. Нашите први спомени од детството, семејни дружења, првите љубови, свирењето гитара, се поврзани со неговите песни. Тој беше нашата куќа, а оваа песна ја напишаа девојките кои се смееја и танцуваа по неговиот ритам. Имавме одличен учител и сакаме со песна да му кажеме ‘благодариме за сè’,“ велат тие.