(Видео) Фудбалер го давеше Огњен Врањеш среде натпревар

Фудбалерот на АЕК, Огњен Врањеш, повторно се најде среде скандал, овојпат заедно со неговиот соиграч, Даниел Верде. Босанскиот и италијанскиот фудбалер се скарале за време на паузата на натпреварот на АЕК со Паниониос, по што Верде го фатил Врањеш за врат, а овој почнал да го турка и да му ги трга рацете. Во караницата се вмешале и други фудбалери на АЕК, кои спречиле поголем инцидент.

Инаку, во Грција минатиот викендов продолжија фудбалските првенства. Новите правила вклучуваат пет измени, а на половина од полувремињата играчите имаат и двеминутна пауза. Ова, според експертите е добра превентивна перка за заштита од коронавирусот. Инцидентот се случил токму на една од овие кратки паузи.

Scroll to Top