(Видео) Фудбалот ми беше единствен излез додека слушав сирени и паѓаа бомби: инспиративната приказна на Лука Модриќ што ја објави ФИФА

Хрватскиот фубалер Лука Модриќ, еден од најдобрите во светот, во виедото кое го објави ФИФА раскажува за детството поминато на село со неговите баба и дедо, но и за деновите во време на војната во Хрватска кога морале да замина во хотлот за бегалци.

Модриќ вели дека во животот и карирета ништо не му се случило лесно. Во видео снимено од ФИФА, Модриќ зборуваше за детството кое го поминал на село со неговиот дедо по кој и го добил името.

„Бев многу мал, се сеќавам на некои работи доволно, мојот дедо да ми остане во најдобро сеќавање. Тој беше на некој начин мој заштитник, кога  бев немирен кон мајка ми и татко ми, тој ме бранеше. Ме водеше секаде со него. Одев со него кога ги носеше животните на пасење. Не сакав да одам во градинка. Јас пораснав во нивната куќа. Таму живеев. И ме врзуваат со нив многу убави спомени. Безгрижно детство“, раскажува Модриќ.

Во краткото интервју Модриќ вели дека не сака да се навраќа на војната во Хрватска и она што го преживеал тој и неговото семејство, кога заминале во бегалски хотел.

„Не беше лесно во тоа време да се живее. Ги слушаш сирените, паѓаат бомби, ракети. Мораавме да го напуштиме тоа место, и да одиме во хоелите за бегалци. Кога ќе ги погледнам некогаш сликите од моето детство, јас секогаш сум со топка. Не знаев дека таа топка ќе игра важна улога во мојот живот. Фудбалот беше некој вид на излез од сето тоа што се случуваше околу нас. И така се започна. На тој бетон, асфалт пред хотелот каде каде те туркаат, удираат, бев помеѓу најмалите. Но нема жалење и плачање, продолжуваш понатаму и се бориш за себе“, раскажа Модриќ.

Жали што неговиот дедо не е жив за да ги видие  неговите успеси, но сигурно од горе ме гледа, бодри и сигурен сум дека е горд на мене, рече Лука Модриќ.

Scroll to Top