Хрватската пејачка Северина е на одмор во Грција со сопругот Игор и со неговите родители. Таа споделува слики од патувањето, а на Инстаграм објави и видео на кое бега од неколку гуски што ја бркаат. „Не може да седиш со нас“, напиша Северина на видео што стана хит на социјалните мрежи.
Иако многумина ѝ напишаа дека брканицата со гуските ги насмеала, има и такви што го коментираа нејзиниот стил.
„Жено драга, што си облекла?“, „Гуските сакаат црвено“, „Погледни како си се облекла, соблечи се“, се некои од коментарите.