(ВИДЕО) Хитот на Карлеуша грмеше на свадба – Душко и Боби веднаш почнаа да џускаат

Познатите спортисти уживаа на свадбата на кошаркарот Миленко Тепиќ.

Тој се ожени, а на свадбата имаше многу гости. Меѓу сватовите беа и познати личности. Меѓу останатите беа и неговиот колега Бобан Марјановиќ, како и фудбалерот Душко Тошиќ.

Дека познатите спортисти одлично си поминаа, покажува и снимката која ја објави популарниот Боби на Инстаграм. На неа се гледа како во позадина иде хитот на Јелена Карлеуша „Жените сакаат дијаманти“, а во ритамот на оваа песна, џускаа Душко, инаку сопруг на ЈК, како и Бобан Марјановиќ со сопругата Милица.

Да се потсетиме, Боби се сретна со Јелена Карлеуша на нејзиниот настап во Детроит, по што направија и заеднича фотка.

Како тоа изгледаше, погледнете на следната снимка:

 

 

Scroll to Top