Далила опиша колку била шокирана кога Дејан среде улица паднал на колена и прашал дали сака да се омажи за него.
„Не можам да ви го опишам ова чувство. Пред само два часа се свршив со мојата љубов во срцето на Сараево. Немате поим колку беше спонтано, недостигаше секунда да паднам во несвест. Ова навистина не го очекував.
Дојдовме на чешмата за да си кажеме еден на друг на цел глас пред камерите „те сакам“, за вие, нашите фанови, да ја имате и таа снимка од Сараево, како што ја имате од Белград. И оддеднаш пред камерите, шоу. За среќа, сè е снимено, па ќе можеме да го споделиме со вас. Морам да кажам дека од вечерва сум најсреќната жена на светот“, напиша Далила и додаде дека останала без текст кога го видела свршеничкиот прстен.
„Минувачите им честитаа, „ма јао“ луѓе, не можам ни да замислам дека по порцијата ќебапи, со лук, ќе бидам верена. Вакво момче само еднаш се раѓа, а тек доживувањето кое го имаше со прстенот, додека го криеше од мене по станот и транспортот до Сараево, ма шоу… Кога ми раскажа не знаев дали да плачам или да се смеам. Воглавно го купил во Белград, а го чувал за Сараево. Сега без внимание на медиумите и останатите камери, освен нашите, јас го изговорив судбоносното „да“, и станав вереница, на моето најдраго суштество на светот, мојот Деки“, порача воодушевената Далила Мујиќ.