(Видео) Јелена Ѓоковиќ во транс на концерт на Александра Пријовиќ: излезе со другарките во Ниш

Александра Пријовиќ го отвори шоуто во Ниш во гламурозен фустан со кристали, а на концертот српските медиуми ја „фатија“ Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

Имено, Јелена се забавуваше во друштво на две пријателки, а цело време беше во „транс“ додека Пријовиќ пееше хит по хит. Јелена ги знаеше сите песни на пејачката.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ беше исклучително расположена, се вртеше и играше во кратко здолниште.

Александра го започна концертот во Ниш со својот прв хит во кариерата „За нас доцна е“, а публиката кога ја виде веднаш почна да вреска, а потоа заедно со пејачката ја отпеа оваа песна.

Scroll to Top