(Видео) Јелена Костов омилена меѓу пејачките за Анастасија

Ќерката на српската пејачка Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, одлучи јавно да ја пофали фолк-пејачката Јелена Костов и нејзината нова песна „Моето второ јас“, со тоа што објави видео во кое ги потпевнуваше нејзините хитови.

Со овој гест Анастасија ја изненади некогашната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ со оглед на тоа што ќерката на Цеца ретко кога ги коментира колегите и колешките на својата мајка.

Овој пат, како што вели самата Анастасија, морала да прокоментира нешто што било предмет на нејзин интерес.

Scroll to Top