Јелена Розга го одржа својот петти концерт во Сава центарот во Белград.
Таа пред публиката се појави во краток комбинезон од тантела и ги испеа своите најголеми хитови.
Ова е петти од вкупно седум закажани концерти.
„Добра вечер, добри луѓе. Веројатно можете да видите колку сум нервозна… Ви благодарам за толку убавото добредојде. Знаете, јас бев мало девојче кое сонуваше за Сава центарот. И еве ме. Тука сум вечерва. Ова не би се случило ако не бевте вие. Ви благодарам многу што ми давате љубов и огромна поддршка сите овие години“, рече таа на првиот концерт.