Пејачката Јелена Розга, понесена од летната атмосфера, со песна и чаша вино одлучи да се опушти во друштво на пријатели, меѓу кои беше и Петар Грашо.
„Колега, ова беше супер песна за вас. Што мислите вие?“, праша пејачката под снимката што ја објави на „Инстаграм“.
„Зошто ме туркаш од своето срце надвор?“, му пееше Јелена Розга на Петар Грашо додека тој го свиреше хитот на клавир.
Иако пејачот не се огласи и не одговори на понудата што ја доби, Јелена со снимката ги воодушеви фановите, кои веќе навиваат за дует меѓу двајцата музичари од Сплит.