(Видео) Јелена Розга со лајв концерт ја забавуваше публиката од дома

Хрватската пејачка Јелена Розга, како и голем број од нејзините колеги, направи концерт во живот ѝ ја забавуваше публиката од дома.

Пандемијата со коронавирусот предизвика голем број музичари да ги откажат концертите и јавните настапи. За да полесно ги поминат овие тешки времиња, многу познати пејачи, од своите домови ги развеселуваа своите фанови.

Во ова се приклучи и пејачката Јелена Розга, која во текот на изолацијата, направи свој мини лајв концерт на „Инстаграм“. Таа веќе двапати имаше концерт преку социјалните мрежи и ја подигна атмосферата во домовите на нејзините обожаватели.

Нејзините обожаватели особено ги развесели велигденскиот концерт на кој ги Розга ги запеа своите најголеми хитови. Тој концерт имаше преку 100.000 прегледи. Пејачката покажа дека и во време на изолација и откажани концерти и понатаму живее за својата музика и публика.

Онлајн концертите се еден вид на утеха за многумина, а на тој светски тренд се приклучуваат сè повеќе музичари. Со настапи од своите домови или музички студија, тие им овозможија на фановите да се чувствуваат како да се на концерт.

Освен Розга, свој настап на социјалните мрежи имаше и Северина Којиќ, кој го следеа илјаници луѓе.

Scroll to Top