(Видео) Јокиќ со солзи ја прослави победата на својот коњ

Во Суботица се одржа познатата трка Дужијаница, едно од најпрестижните натпреварувања на српската коњичка сцена, а победата ја однесе Демон Дел’Ест, коњ во сопственост на кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ.

Иако Јокиќ е познат на теренот како ладнокрвен и резервиран играч, неговата емоционална страна доаѓа до израз кога станува збор за коњите.

Откако неговиот коњ прв ја помина целта, Јокиќ заплака од среќа и лично им честиташе на џокејот Кармине Пискуољи и на тренерот Владимир Прибиќ. Тој гордо излезе на патеката за да ја прослави големата победа заедно со нив.

„Го кажав тоа одамна, ги доживеав сите мои големи победи и порази тука, во овој спорт. Сите луѓе овде со кои заедно го правиме ова се мои пријатели, мои семејни пријатели, сите тие го доживуваат ова исто како и јас. Го правиме ова како хоби, ова е прилика да се дружиме, да се забавуваме и да уживаме во животот“, рече Јокиќ.

Scroll to Top