(Видео) Капаче од расипан сок ме погоди во око, рече пејачката Славица Чуктераш откако заврши на Клинички

Српската пејачка Славица Чуктераш минатата недела заврши на Клинички во Нови Сад откако го повредила окото со капаче од расипан сок. Таа пред неколку дена беше итно хоспитализирана, а сега објави дека се повредила додека ја чистела куќата.

„За време на чистењето на куќата, почнав да собирам шишиња вода и сокови. Еден сок стоеше со денови, знаев дека е расипан, го зедов и отидов во тоалетот да го истурам, но додека го држев шишето само малку го одвртив капачето, а тоа се одби и ме удри во окото. Само седнав на подот. Се обидов да го отворам окото и сè ми се гледаше бело“, рече таа. 

Чукетраш рече дека сега се чувствува многу подобро ѝ им се заблагодари на вработените во болницата кои се грижеаа за неа. 

Scroll to Top