Зоран Давидовиќ беше убиен на 23 март 2000 година, а пејачката го поврза убиството со белградското подземје. Песните од тој албум никогаш не ги отпеала затоа што, како што вели, преку нив го насетила трагичниот настан.
„Од почит кон семејството на Зоран не сакам многу да зборувам за трагедијата. Тој беше прекрасен човек, голем пријател и беше внимател дечко. Секој кој ќе го запознаше му се воодушевуваше. Јас тешко ја поднесов неговата смрт“, изјавила Карлеуша.
По неговата смрт, Јелена во 2001 година се вратила на сцената со албумот „За своја година“, на кој се наоѓа и песната посветена на Зоран, „Балада за Зоран“, но и хитот „Лудача“.
Албумот за еден месец беше продаден во тираж од 200 000 примероци. Еден месец пред убиството на Зоран во градот се појавила вест дека е убиен. Јелена молскавично реагирала на тие приказни објавувајќи дека Чанда е жив и здрав.
„Мојот дечко не се занимава со опасна работа, со некој кој би сакал да го убие. Зоран е млад и успешен бизнисмен, кој има млада и успешна девојка. Така е и така ќе остане. Не се плашиме дека нешто страшно може да ни се случи. Господ ги чува добрите луѓе, а ги казнува оние кои не се такви. Кој како живее така и завршува. Знаејќи го тоа, Зоран и јас сме спокојни и сигурни дека ќе дочекаме длабока старост“, изјавила Јелена месец дена пред неговото убиство.