(Видео) Ќерката на Здравко Чолиќ се пофали дека ја бива во кујна, тој на шега рече: Не сум баш сигурен

Здравко Чолиќ во новото интервју, меѓу другото, ја коментираше својата 22-годишна ќерка Уна и ја насмеа јавноста со коментар за нејзините кулинарски способности.

Уна најчесто го привлекува вниманието на корисниците на социјалните мрежи со своите модни изданија, а неодамна објави и фотографија од пита што ја прави.

„Колку мислиш дека ти пречи што многу се пишува за твоите деца? Уна им е многу интересна на медиумите?“, го праша Чолиќ новинар на ТВ Пинк.

@premijera.offical Zdravko Čolić o naslednici Uni. #zdravkocolic #cola #foryou #foryoupage #fyp ♬ original sound – Premijera RTV Pink

„Не им можам ништо. Тие ставаат секакви слики таму“, одговори тој. Новинарката тогаш забележа дека Уна се пофалила дека е одлична во кујната.

„Го видов тоа. Не сум баш сигурен, но во ред. Во секој случај, да помогне, тоа може”, рече Чолиќ низ насмевка.

Scroll to Top