(Видео) Констракта ќе ја претставува Србија на Евровизија

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, победи во финалето на изборот за песна на Евровизија во Србија. Таа ќе ја претствува државата со песната „In Corpore Sano“ на најпопуларниот европски музички натпревар кој во мај ќе се одржи во Торино.

Констракта доби над 40.000 смс гласови од публиката, која ја воодушеви уште во првата полуфинална вечер, па по нејзиниот настап уште тогаш имаше голем број коментари на социјалните мрежи.

Од самиот почеток меѓу главните фаворити беа: Сара Јо, Констракта, Зорја, Анѓелина и Аца Лукас, кој бесен го напушти натпреварувањето и укажа на нерегуларности од страна на жири комисијата која ги подели гласовите.

Scroll to Top