(Видео) Лепа Брена и Боба Живојиновиќ слават 28 години брак

Фолк-ѕвездата Лепа Брена на „Инстаграм“ објави видео од свадбата со Боба Живојиновиќ и откри дека денес таа и поранешниот тенисер слават 28 години брак. „И така, ние 28 години. Ништо страшно. Јас сум среќна жена. Ајде да се сакаме“, напиша пејачката.

Таа за српските медиуми откри дека ни годинава нема да прават гламурозна прослава.

„Ние тоа го прославуваме многу едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампањско, седиме и се дружиме. Без многу гламур“, рекла Брена.

Scroll to Top