Лепа Брена одамна се има остварено како мајка, а своите деца ги обожавува. Фолк ѕвездата дојде на журката на магазинот „Hello“ во друштво на својот син Стефан Живојиновиќ, кој непдамна ја започна својата музичка кариера.

Фолк ѕвездата наведе дека нејзините деца не се најискрени критичари, кога станува збор за нејзината кариера.
„Ние отсекогаш сме се консултирале кога се во прашање моите песни. Тие зборуваат без предрасуди… Можат да бидат многу груби, но тоа е само знак на искреност“, признава Брена.

Пред неколку дена, Лепа Брена имаше пех за време на настапот, кога падна на сцената.
„Таа бина беше иста како онаа кога пеев во 1994 година, таму беше бетонска плоча. Тие преку бетонски плочи ставија некој итисон, а јас ги предупредив. Имав мал коридор каде се движев на предниот дел, но, залутав таму назад, и некаква грпка беше на бината, платформа на штикли, и оп, повторно се најдов со нозете во вис… Малку имам модрици на некои незгодни места“, искрена беше Брена.
Погледнете го интервјуто со Лепа Брена на следниот линк: