Лепа Брена и Боба Живојиновиќ денеска слават Свети Архангел Михаил, а нивниот син Виктор на Инстаграм објави видео како се спремаат за славата. Тој ја снимаше Брена како витка сарми и додека игра чочек среде кујна со домашната помошничка. Додека играат на песна од Џани, помошничката на Брена ја зема в рака тепсијата па почнува да удира во ритамот на песната.
„Ако се прашувате како се спремаат сармите за нашата слава, ова е тајната. Почнаа подготовките“, вели Виктор во видеото.
Тој речиси секоја година објавува видеа од деновите кога фамилијата ја спрема славата. Пред неколку години Виктор се пофали дека сармите ги виткаат тој и Стефан.