(Видео) Лет 3 го посетија Мариупол: разгледница со детска песна, без деца

Хрватските претставници на Евровизија групата Лет 3 го посети украинскиот град Мариупол, од каде објавија видео на својот Фејсбук. Посестата на Лет 3 е виртуелна, но со видеото испратија силна порака.

„Разгледница со детска песна – без деца. Капитошка, песната преведена од украински на хрватски”, напишале во описот на видеото.

„Честитки“, „Нека владее мир“, „Додека на сите не им е доста. Браво момци“, се дел од коментарите на нивните следбеници на објавата.

Потоа тие објавија и видео од Харков со порака: „Децата не смеат да се крадат“.

Лет 3 изјавија дека нивниот златен трактор ќе ги однесе со брзина на светлината во подобро утре, а ќе патуваат низ Белград, Букурешт, Одеса, Мариупол, Харков, Киев, преку Копенхаген, Варшава и Лондон до Ливерпул, каде на 9-ти мај да настапат на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damir Martinović Mrle (@mrle.let3)

Scroll to Top