(Видео) Ловрен и Брозовиќ се журкаа до пет наутро во Загреб за бронзата на Хрватска

По официјалниот дочек на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, дел од хрватските репрезентативци заминале на забава во познат загребски клуб, а дел од фудбалерите заминале на приватни забави.

Марсело Брозовиќ се журкал своето кафуле во Велика Горица „Епик Брозо“, а таму друштво му правел и неговиот соиграч Дејан Ловрен.

Дуото со жива музика го прославиле бронзениот медал на Светското првенство, а на репертоарот биле песни од различни жанрови. Сè започнало со локални песни, а набрзо бендот почнал да свири народна музика, потоа следувале и патриотски песни.

Друштвото се расположило до таму што дури ги соблекле дресовите, а на крајот од журката се приклучил и Иван Перишиќ.

На последното видео кое го објави кафулето на Фејсбук се гледа дека журката завршила со песни од Петар Грашо.

Scroll to Top