(ВИДЕО) Љубов на прво сослушување – Жељко Самарџиќ конечно ја претстави својата МИЛА!

By
Ова воедно е најава на новиот албум на пејачот, и низата на спотови кои ги подготви за својата публика.

dobivaj vesti na viber

По долгото чекање, конечно осамна спотот за песната „Мила“, новиот сингл на Жељко Самарџиќ.

Актрактивната екранизација на песната, која, според зборовите на пејачот, е неговата „љубов на прво сослушување“, кој ја продуцираше Скимусиќ, обрнува внимание на се до последниот детал; на желбата на пејачот, атмосферата на песната, деликатниот тон кој го одликува албумот во целост.

 

Ова воедно е првиот во низата спотови кои ќе ја следат промоцита на новиот албум на популарниот пејач. Песните од новиот албум веќе од денеска можат да се преслушуваат и да се превземат од официјалниот сајт на Жељко Самарџиќ – zeljkosamardzic.com.

Превземањето на содржината од сајтот претставува иновација на нашиот пазар, се со цел полесна достапност на музиката со заштита на авторските права.

Неговиот тим подготви и погодности за неговите фанови – со секој превземен албум се добива и влезница за некои од концертите во оквирот на престојните турнеи по регионот, Европа, Америка, Австралија.

Песната „Мила“ секако на најдобар можен начин претставува уметничка зрелост која пејачот во овој албум ја досега, но и исклучителна уметничка рафинираност на албумот во кој навистина треба да се ужива, од првата до последната нота.

 

Ќе ви се допадне