Поради младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ, последниве денови, поточно од 1 декември владее сериозно лудило во Хрватска, каде таа четири вечери по ред ја забавуваше публиката во најголемата Арена во Загреб.
Вечерта температурата се спушти под нулата во Загреб, а за публиката на Пријовиќ тоа значеше само едно – неволја.
@annadervisevic⚠️⚠️⚠️
И откако добро се забавуваа во Арената, Хрватите паѓаа како покосени пред објектот бидејќи се формираше мраз, а целото видео од урнебесните падови е придружено со симболичните реплики на хит песната на Александра „Лизгав под“.